“Синот на Алил Џафероски поставен за ….!?”

18952784_1712372369065221_4170798762041297287_n-640x640

Членот на извршниот одбор на СДСМ и син на Алил Џафероски од село Лажани долненско, со одлука на Владата е именуван за нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Џафероски на оваа позиција доаѓа на местото на Шабан Салиу кого владата денеска го разреши од функцијата.

Неговото име го следат доста контроверзии во јавноста, а најнова е последната за која пишуваа медиумите.

Пред извесно име новинарот Бранко Тричковски на својот Фејсбук профил напиша:

“-Болест. Уставното име ми е како херпес, како стомачен вирус, како сифилис, понекогаш го доживувам као астма и менингитис, ме тресе како кравјо лудило! Го мразам! Превртувам желки во дворот во надеж дека ќе го избркам од мојот живот, пишува Тричковски”

На Џафероски тоа му се допадна, па стави лајк на оваа објава. СДСМ тогаш наместо да се огради од него, го унапреди со назначувањето за член на Извршниот одбор на партијата, а сега и директор на ДЗС.

trickovski640-1

Тој на оваа позиција доѓа во моменти кога во државата беснеат голем број опасни пожари, а владата се покажа како неспособна да се справи со истите.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.