Во должина од 2 километри, интензивно се работи на чистење на градската река, проект кој е продолжение од минатата година со што ќе биде спречено понатамошното поплавување од престојните дождови.
„Продолжуваме со реализација на сопствената програма што опфаќа чистење и санирање на насипот на Градската река каде се направени насипи од ниската и високата вегетација, во случај доколку има поројни дождови да ги спасиме приносите на нивите и другите површини, вели Гордана Тошеска, директор на Водостопанство Прилепско поле.
„Се чистат направените насипи на Градската река во близина на Кадино село. Тековно ги чистиме каналите и коритата на реката се со цел да се спречи при поројни дождови да се јават поголеми поплави, вели градоначалникот Марјан Ристески.
Со чистење на коритото на градската река ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од долниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река. Паралелно со чистењето на Градска река се чисти и делот од селечка река, а пред неколку дена започна и чистењето на Дабнички канал.