Улицата “Балдвин” во местото Дунедин на Нов Зеланд е позната како најстрмната улица на светот, па затоа на многумина зависници од адреналин им служи за изведување на различни акробации.
Харли Џоли, поставил на Јутјуб видео на кое заедно со своите пријатели дрифтаат по стрмната “Балдвин”, возејќи мали трицикли.
Дали се храбри или луди, проценете сами…