Се слави четвртиот последователен триумф: Победа убедливо ги совлада фенерџиите!

18557154_1202554609855598_5697427450440267102_n

Победа славеше висок триум од 4:2 над екипата на Македонија Ѓорче Петров. Натпреварот кој штотуку заврши е четврти последователен триумф за прилепчани и значи задржување на седмата позиција на табелата преку која Победа ќе обезбеди сигурен опстанок во Првата фудбалска лига.

На стадионот на Могила се одигра интересен натпревар во кој уживаа љубителите на фудбалот од Прилеп. Победа уште на полувремето имаше водство од 2:0, стрелаа Ристевски во 27-та и Илијовски во 43-та минута, но првото полувреме го одбележаа и трите црвени картони. Во 24-тата минута Карчески кај Победа и Стојановски  кај Ѓорче Петров беа директно исклучени. Во 30-тата минута после добиениот втор жолт картон, беше исклучен и Цветаноски, па ѓорчепетровци натпреварот го продолжија со девет играчи на теренот.

Во второто полувреме Дарко Цветаноски во 63-тата минута зголеми на 3:0, а возврати Јашаровски за 3:1 во 70-тата минута.

Мустафов во 79-тата стрелаше за 4:1, а конечниот резултат го постави Кристијан  Стојковски кој погоди во  84-тата минута за 4:2.

Во наредното коло Победа ја чека тешко гостување кај Работнички, а последното коло ја пречекува екипата на Ренова.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.