Прасе од 200 килограми, на друг ражен јагниња, столици украсени како во хотел со пет ѕвезди, луксуз, и песни и ора и чочек. Луксузната свадба за која пишуваат сите српски медиуми која се случи во Лескоец, во семејството на Предраг Пеки Бајрамовиќ, угледен трговец кој го женел единствениот син, стана хит, но сепак веселбата на која летале евра и не се барале подароци од гостите, им пречела на мештаните.
Имено, повеќе мештани се пожалиле дека тој минатата година не им исплатил пари, па го тужеле, со што е покренато обвинение.
Мештаните велат ним им должи пари, а прави свадба на векот, поради што се разбесниле.
Имено, на свадбата летале по 1.000 евра за трубачите, украсена била цела улица, а цела свадба чинела околу 40.000 евра.