Длабоко уплашен за сопствената безбедност сакам јавно да истакнам дека вчера бев предмет на вербална закана со опасност по мојот живот. Заканата ми беше упатена по телефон од страна на наш сограѓанин кој себеси ми се претстави како личен пријател на пратеникот од редовите на СДСМ и учесник на протестите на Шарената револуција, Павле Богоевски, изјави денеска Кирчо Анастасов.
-Сето тоа поради мој личен статус објавен на фејсбук со кој преку 4 прашања упатени јавно до пратеникот Богоевски сакав да дознам која била причината за неговата посета на Делчево. За самата посета на Делчево пратеникот има објавено фотографија во една делчевска кафеана на својот фејсбук профил со коментар “НЕКА ПУКНАТ ДУШМАНИТЕ”, рече Анастасов.
Кога помеѓу другото на фејсбук јавно запрашал “Кои се тие душмани?” и “Дали имало инцидент во оваа кафеана во негово присуство и од каква природа бил истиот?, од лицето со иницијали А.И. добил телефонски повик со закани дека:
– -Информирани се горе за статусот, “ќе зажалиш за тој статус” и “ќе ти летне главата кога ќе те сретнам на улица”.
Во коментари на мојата објава на фејсбук од лицето А.И. дополнително добив уште една закана, и лична навреда од лицето Д. А. Кој пак во минатото е активист на СДС во Делчево. Ова не е првпат да трпам вакви закани и навреди на политичка основа од трети лица, рече Анастасов.
Загрижен за сопствената безбедност вербалната закана ја пријавил во полиција при што јавно да апелира полициските служби да постапат согласно своите надлежности во насока за надминување на овие закани.
-За сите оние пријатели и приврзаници на разно-разни политичари во државата сакам да порачам дека нема да успеат да ме замолчат во јавна идентификација на сите малигни појави, а кои се рак-рана на нашето општество, рече Анастасов.
-Според очевидците, Богоевски ја наполнил масата со разни видови на јадења и разни алкохолни пијалоци, постојано порачувајќи уште. Друштвото почнало да пие, а откако испиле по некоја чашка алкохол, почнале со навреди и довикување кон гостите во кафеаната, музиката и персоналот, на ова реагирале од персоналот кои стравувајќи од поголем инцидент, ги замолиле да се смират, на што уследила реакција „ние сме сега власт, што сакаме ќе правиме“, пишува Журнал.
Ситуацијата станувала се потензична, а некој од останатите гости во кафеаната почнале да ја напуштаат кафеаната.
-Ситуацијата кулминирала кога од непознати причини некој од масата на Богоевски почнал да мава со виљушки и ножеви по околните маси и персоналот. Целиот персонал морал да интервенира за ситуацијата да дојде во нормала, по што набргу Богоевски и другарите си заминале, пишува порталот.
Дополнително, Богоевски се сликал и објавил фотографија на својот профил со порака: Нека пукнат душманите
-Настанот на големо се раскажува помеѓу делчевчани кои се погласно велат еве го дојде животот, сега се тепаат и кршат по кафеани, утре кој знае што ќе направат. Гневот кај граѓаните е очевиден кои се револтирани од распашаниот однос на социјалдемократите, кои во првиот месец на власт веќе почнаа да си го покажуваат вистинското лице, пишува Журнал.
Извор: Курир