Двајцата големи шампиони одлично се забавувале на стазата во Тексас.
Пензионираниот повеќекратен светски и олимписки шампион, Усаин Болт е голем почитувал на ликот и делото на Луис Хамилтон.
Тие двајцата важат за доби пријатели, па возачот на Мерцедес на стазата во Остин го повикал Болт.
Со добра забава и смеа, Британецот “летал” по стазата, но Болт не бил подготвен за тоа што го снашло.
После неколку кругови, Јамајканецот едвај останал на своето место, па трикратниот светски шампион на Формула 1 за крај ги “запалил” гумите.
А/Г/