Џонатан Холмс (35) се обидел да силува 21-годишна девојка, но таа и тоа како му го возвратила ударот. Имено, таа го каснала за јазикот, го удирала по лицето, вратот и стомакот.
Холмс за нападот добил 4 и пол години затворска казна. Пред нападот, девојката од Шефилд забележала дека некој ја следи, па во раката ги држела клучевите за да се заштити ако биде потребно.
“Мојот живот ќе беше завршен. Можеби ќе ме убиеше. Бев преплашена, но и бесна”, рекла девојката во судот. Холмс ја следел по улицата повеќе од еден час, а жртвата три пати ја преминувала улицата, обидувајќи се да се ослободи од него. Меѓутоа тој ја стигнал и ја одвлечкал на едната страна од улицата.
Започнал да ја допира по телото, додека девојката барала помош.
Девојката викала на цел глас и го удирала со клучевите по лицето, вратот и стомакот, па конечно се ослободила.
Двајца минувачи ја слушнале како вика и повикале полиција.
Холмс уште истата вечер бил фатен и приведен во полициската станица.
Ф.Г.