Дотеран и начешлан, облечен во модерно кафеаво руво и оглавник, коњов слегол на саботно корзо во центарот на Прилеп и бара маса да седне.
Разбрал дека во сабота цел град е слезен на кафе, па си рекол оти да не биде модерен и тој.
Само никој не му кажал дека булеварот во центарот на градот не е повеќе корзо како пред 30-тина години, кога овој дел се затворал во викендите и младите шетале по него.
Шегата на страна ваквите појави се срамота во 2017 година. Вака во Европа нема да ни ги рашира рацете!