“Се китат со туѓи перја? Кој е нов вработен во Општина Прилеп?!”

Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Прилеп реагира дека градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, се фалат со проекти на ВМРО – ДПМНЕ.

Градоначалникот Илија Јованоски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по примерот од басната во која гавранот се кител со туѓи перја, деновиве парадираат низ Прилеп и присуствуваат на градежни активности за тампонирање и асвалтирање на улици, кои нити ги ветиле во предизборниот период, нити пак досега знаеле дека ќе се реализираат и каде се наоѓаат. Имено во изминатите неколку дена помпезно се фотографираа на отпочнувањето со асвалтирање на улици во урбаните заедници Гоце Делчев и Чачорица, а замислете се работи за проекти т.е асвалтирање на улици кои се дел од проекот за изградба на пречистителна станица и изградба на канализација во Прилеп, кои ги договори претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Средствата се обезбедија од ИПА фондовите и од претхосната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. Изгледа вака ќе се зафатат со решавање на инфраструктурни проблеми во Прилеп, со позирање пред објективите на проекти кои се веќе обезбедени од претходната локална власт на ВМРО ДПМНЕ. По теркот на министрите од СДС, шарените револуционери во Владата на Заев, директорите кои патуваат во бизнис класа така и градоначалникот на Прилеп наместо остварување на ветеното успева да практикува само популизам. Очигледно Јованоски брзо ги заборави ветувањата кои ги даде во предизборието и не ја намали цената на водата, не започна со реконструкција на сала Македонија, ги заборави младите и не им донесе вода и струја на сограѓаните Роми во населбата Три Багреми. Тука сакаме да прашаме дали наместо ветените проекти, Јованоски ја вработи својата внука во општина Прилеп и му дозволи на личниот шофер службениот автомобил Шкода Суперб да си го користи за приватни прошетки во сабота навечер? На граѓаните им беше потребно само месец дена да видат дека се сурово прелагани од сегашната власт која освен празни зборови и уцени од локални шерифи сигурно нема да им донесе подобар живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.