Неодамна руските медиуми започнаа да пишуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има нова девојка. Станува збор за познатата боксерка Наталија Рагозин, која во спортските кругови е позната како непобедлива.
Пред две години се појавија заедно во јавноста на еден натпревар во боречки вештини во Сочи. Оваа информација не привлече внимание се додека Кремљ не ја објави на својата веб страница.
Тоа веднаш упадна во очите на јавноста, бидејќи кабинетот на рускиот претседател објавува службена фотографија со жена.
На социјалните мрежи веќе почнаа да шегуваат на сметка на Путин (62) и Наталија (39) која е 21 сантиметар повисока од рускиот претседател.