“Се е веќе продадено за 200 денови: името, јазикот, црквата, историјата…???”

Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев.

Подготвени сме за географска одредница, изјави вечерва на прес-конференција македонскиот премиер Зоран Заев посочувајќи дека прашање за спорот за името што Македонија го има со Грција е суштествено и оти треба да се даде шанса низ преговорите да се изнајде решение.

– Сакам нашите граѓани да знаат и граѓаните од соседна Грција да знаат, но сакам навистина да успееме во преговарачкиот процес, и затоа е секогаш тука дозата на внимателност. Да му дадеме шанса на успехот, но притоа ќе кажам: ние сме подготвени за географска одредница и до тука ќе застанам затоа што прашањето е суштествено и треба да дадеме шанса низ преговорите во изнаоѓање на решение, изјави Заев на заедничката прес – конференција со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Истовремено, додаде тој, „заедно, секоја можна идеја, која што ќе доведе до решението, дали е драфт верзија на меѓународен договор што ќе го официјализира она што е поприлично решено, според мене, симболите МК, МКД и слично, а другото би било основа да се продолжи процесот на ОН преку господинот Метју Нимиц, користејќи ги сите билатерални средби, меѓу мене и премиерот Алексис Ципрас, помеѓу министерот Димитров и министерот Коѕијас“.

– Се што може да помогне кон изнаоѓање на решение треба да го искористиме. Ние јавно ги коментираме сите настани и јавно сме позиционирани. Дискутираме и внатрешно помеѓу институциите и политичките партии, а истовремено сме фокусирани на суштествени чекори кои ќе доведат конечно до решавање на овој чуствителен проблем во интерес на двете земји во преговарачкиот процес, рече Заев на прес-конференцијата.

Заев всушност го направи она што одамна го најавуваше. Тој ја свитка кичмата во преговорите за името. Иако неколку години по оваа дадена изјава, се обидуваше да ги изманипулира граѓаните и да каже дека “не мислел баш така“, сега спроведе на дело. Но, Македонија не ја свитка кичмата сама, туку лично Заев ја свитка кичмата на нашата земја.

Заев јасно даде на знаење дека на СДСМ не му доликува да биде патриотска партија.

-Се обидовме во неколку наврати да играме на политики на патриотизмот како партија на која што не ни приликува таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса секако за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изигруваме патриоти, ние сме државотворната партија, ние сме партијата која што беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која што ја стави на стабилни нозе оваа наша земја така што обидувајќи се на ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти ќе ги набројам неколку Законот за бранители, Струга, Кичево многу варијанти не ни приличат на нас социјалдемократите. Луѓето очекуваат ние да биде кохезивниот фактор, сплотувачкиот фактор во оваа земја, рече Заев уште во 2013-та година во емисијата „Патот кон…“.

Извор: Курир

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.