Се бараат 100 работници во фабрика и одделенски наставници во основно училиште во Прилеп! Аплицирајте!

Фабриката на американскиот гигант “Гентерм” сместена во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп има потреба од 100 работници на позицијата општ работник.

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, предвидена е почетна плата во висина од 12.000 денари, а огласот трае до 14.03.2018.

Основното општинско училиште “Гоце Делчев” има потреба од двајца одделенски наставници.

Надоместот за плата изнесува 20.664 денари, а огласот е активен до 13.03.2018 година.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.