Сензација во Пјонгчанг: 15 годишна тинејџерка го донесе првото злато за Русија (Видео)

Алина Загитова од Русија направи сензација со освојување на првото место на Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг. Таа со само 15 години успеа да ги остави позади себе главните фаворитки за првото место во синг уметничко лизгање.

Младата Загитова со овој успех успеа да и го донесе на својата земја и првото злато. По освојувањето на златниот медал, запрашана од новинарите за нејзиниот успех, таа не можела да се соземе од радост и целата треперела.

– Сè уште не ми се верува. Станав олимписка шампионка, а не ни очекував. Да бидам искрена, го направив тоа што го тренирав. Пресреќна сум и многу сум возбудена- изјави младата Русинка.

Позади Загитова, се пласираа со освоен сребрен медал Евгенија Медведова од Русија и Кетлин Озмонд од Канада.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.