Семејниот викенд се претвори во крвава драма во Прилеп

policiska-lenta-1-640x425

Вистинска драма се одвивала во Паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, викендов во 12 часот, кога 46-годишниот Т.С. од Прилеп со семејството отишол да кампува. Полицијата денеска информира дека на Т.С. му пришле две непознати лица, прашувајќи го за некои девојки, а потоа влегле во соседниот шатор, каде започнале расправија со лицето што било во него и две девојки.

Откако Т.С. влегол внатре да ги смири, непознатите лица заминале. По околу десетина минути, лицата се вратиле заедно со група од околу 20-30 лица и почнале да удираат по возилата со раце и шипки, а потоа го нападнале  него, неговиот син и пријателот, нанесувајќи им видливи повреди.

Полициска станица Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.