Селмани: Македонците гласаа како што им нареди полициската држава, кај Албанците победи заробената држава

Овие локални избори во Република Македонија според многумина едни од најнедемократските што Република Македонија, избори кои не се признаени од три парламентарни партии. ВМРО-ДПМНЕ е партијата од македонскиот блок која не ги призна резултатите, исто како и Зијадин Села, додека Беса побара предвремени парламентарни избори.

Со реакција на социјалните мрежи излезе и претседателот на ЗНМ, новинарот Насер Селмани, тој смета дека Македонците гласале како што наредила полицијата, а кај Албанците победила заробената држава.

-Кај Албанците победи заробената држава. Моите сограѓани Македонци, гласаа така како што им нареди полициската држава. Не им наштетивте на моите Албанци, туку на Македонија, како што Вие ја сакате. Нека Ви се среќа криминалците од мојот род!  Фала Ви што ни ги отворивте очите! Вие ги изгубивте највредните Албанци! Среќно!, напиша Насел Селмани на Фејсбук.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.