Секоја “хуманитарна и ослободувачка” НАТО акција ги враќа човековите права и социјалниот напредок за 100 години ?!

Многу медиуми пренесуваа дека луѓе од Либија биле продавани како робови за 400 долари. Овие стории ги покренаа критиките против таканаречените “хуманитарни интервенции” кои ги започна НАТО со цел рушење на Муамер Гадафи во 2011 година.

Во 2011 гоидна западните “либерални хипстери” се здружија со тврдокорните неоконзервативци и започнаа акција за да го “спасат” либискиот народ од “тиранскиот” лидер кој владееше со земјата.

“Нешто мора да се направи” викаа во еден глас.

Нешто се случи. Либија беше претворена од земја која најмногу се развива во пеколна дупка во која владее беззаконие. Сето ова со помош на НАТО. Во оваа држава започнаа да владеат терористички групи. Демократија !

Додека Гадафи владеел со Либија, Либијците имале бесплатна здравствена заштита и обрзаование. Писменоста пораснала од 25 на 90 проценти. Да не заборуваме за цената на нафтата.

А сега, сега луѓе се продаваат како стока, на пазар, за 400 долари.

Човековите права и социјалниот напредок обично се враќаат за 100 години на назад, каде и да е започната НАТО акцијата.

Повеќе можете да прочитате ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.