Седнал во трактор и го изорал ликот на Ким Џонг Ун: Под тоа напишал големо предупредување (ВИДЕО)

До сега ги направил портретите на рускиот претседател Владимир Путин, американските претседатели Доналд Трамп и Барак Обама, папата Фрањо, Фидел Кастро и Нелсон Мандела.

Италијанскиот уметник Дарио Гамбарин во полето со пченка недалеку од Верона, направил голем портрет на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и под него напишал “Опасност”, објавија италијанските медиуми.

Тој портретот го направил со трактор, во големина од 25.000 метри квадратни, a неговото дело може да се види од птичја перспектива.

“Портретот е апел до целиот свет. Гледаме постојани тензии помеѓу односите на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Моето дело претставува израз на желба тој проблем да се реши на дипломатски начин, и тоа што побрзо”, изјавил Гамберин.

До сега ги направил портретите на рускиот претседател Владимир Путин, американските претседатели Доналд Трамп и Барак Обама, папата Фрањо, Фидел Кастро и Нелсон Мандела.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.