Светски реге звуци, домашни ѕвезди и балканско мега име: Што ќе гледаме вечерва на “Пиво Фест”?

BeFunky Collage

Втор ден пиво фестивал во Прилеп! После загревањето од синоќа, вечерва се очекува градот да започне да се полни со гости од сите страни на државата и регионот. На фестивалската сцена во градот под “Марковите Кули” ќе застанат нови ѕвезди кои ќе ја забавуваат публиката.

Запчнуваме со светски реге звуци. Настапува популарниот Дон Минот и “Conquering Lion”, со чија музика ќе продолжи традицијата на реге музика на фестивалот на скарата и пивото.

Наредно на сцената ќе застанат домашните мега популарни “Нокаут”, а публиката ќе ужива во познатите хитови на нашите момци.

Финале на втората фестивалска вечер ќе биде настапот на балканската ѕвезда Ален Исламовиќ, чии хитови ги знаат и ќе ги пеат од 8 до 88 години.

Повелете во Прилеп и уживајте!

НАЗДРАВЈЕ!

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.