Светот во шок: Познатиот пејач се самоуби

korneliul78o78o7t

Крис Корнел, познатиот пејач и гитарист на рок-бендовите „Саундгарден“ и „Аудиослејв“, извршил самоубиство со бесење, потврди денеска главниот патолог од Детроит.

Корнел беше пронајден мртов во бања во хотелска соба во Детроит, по одржување на концерт, соопшти полицијата. Полицијата наведува дека сопругата на Корнел го повикала семејниот пријател да провери што се случува со пејачот во хотелот „МГМ гранд“ и оти тој повикал полиција. Полицијата ја скршила вратата од бањата и го пронајде Корнел кој не давал знаци за живот, јави „Скај њуз“.

Корнел синоќа одржа концерт со  „Саундгарден“ во „Фокс театарот“ во Детроит,  а последната песна бендот што ја изведе беше „Во време кога ќе умрам“.

Легендарниот рок музичар во пресрет на концертот постави и фотографија на Твитер со порака: „Конечно враќање во Рок сити“. Портпаролот на Корнер, Брајан Бамбери, претходно неговата смрт ја нарече „ненадејна и неочекувана“ и изјави дека неговата сопруга и семејството се во шок.

Патолозите изјавија дека обдукцијата е завршена, но дека целиот извештај ќе биде дополнително соопштен, соопштија медицински лица од болницата Вејн. Семејството замоли за почитување на приватноста.

Бендот „Саундгарден“ е еден од „големата гранџ четворка“, заедно со бендовите „Нирвана“, “Перл џем“ и „Алис ин џејнс“. Бендот беше активен од 1984 до 1997 година, за потоа во 2010 година ја обнови работата. Корнел е автор на хитовите на „Саундгарден“ , „Blacк Hole Sun“ и „Hunger Strike“. Со Еди Ведер (Перл џем) го основаа и бендот „Темп оф д Дог“, а потоа се приклучи во супергрупата „Аудиослејв“ со која продолжи да нижи хитови како „Like A Stone“, „Be Yourself“, „Show Me How To Live“…

Познат е и по песната „ You Know My Name“ од филмот „Казино Ројал“ од серијалот за Џејмс Бонд од 2006 година. Претходно оваа година, Корнел објави соло сингл „Promise“. Турнејата со „Саундгарден“ беше закажана до крајот на мај оваа година.

Смртта на Корнел на некој начин го затвора поглавјето на гранџ движењето, по самоубиството на Курт Кобејн во 1994 година и смртта на основачот на бендот „Стоун темпл пајлотс“ , Скот Вајленд, кој почина од прекумерна доза на дрога на турнејата во 2015 година.

Корнел беше филантроп, ја основаше Крис и Вики Корнел фондацијата за поддржување на децата кои се соочуваат со проблеми, вклучувајќи ги и бездомништвото, сиромаштијата, злоупотреба и  запоставување.

Пријателите и фановите се простуваат на социјалните мрежи од рок легендата.

– Шокиран сум и тажен поради ненадејната смрт на Крис Корнел. Голем пејач, текстописец и најшармантен човек, порача Елтон Џон,

Џими Пејџ, основач и гитарист на бендот „Лед цепелин“, наведе дека Корнел беше „неверојатно талентиран“, нагласувајќи дека беше многу млад и дека многу ќе недостасува.

Гитаристот на бендовите „Џејнс адикшн“ и „Ред хот чили пеперс“, Дејв Наваро порача дека е „затекнат од тоа што слушнал за Крис Корнел“.

– Толку многу страшна и тажна загуба. Мислам на неговото семејство вечерва. Нека почива во мир, наведе Наваро.

Гитаристот на групата „Аеросмит“, Џо Пери напиша: „Многу тажни вести за Крис Корнел. Тажа загуба на голем талент за светот, неговите пријатели и семејството. Почивај во мир“.

Од друга страна, Џоел Бирч напомна дека никој не е далеку да избега од депресијата, колку и да е успешен.

Нил Хоран, член на познатата група „Ван дајрекшн“ напиша дека вестите многу го растажиле и дека токму синоќа ги слушал „Саундгарден“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.