“Сами им даде гол со пета на Ромите – одлучи да плаќаат повисоки сметки за вода?!”

Сами Ајдини советникот со долго искуство од партијата Сојуз на Ромите по се изгледа е главниот виновник за тоа што прилепчани ќе плаќаат повисоки сметки за вода.

Според тоа што го слушнавме и беше пренесено после седницата на Советот во вторникот, Ајдини најпрво гласал воздржано, а потоа на повторното гласање само за половина час го променил своето мислење и дал амин за повисоки сметки и поголемо оптоварување на буџетот на граѓаните кои ги претставува, Ромите.

Поради Ајдини и неисполнетото ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за пиење за 20%, од овој месец прилепчани ќе плаќаат повисоки суми.

Цената на водата остана иста и непроменета, а не намалена за 20%. За метар кубен потрошен вода прилепчани и понатаму ќе плаќаат 26,22 денари.

Но, никој не споменува дека поскапе услугата за одведување на урбани отпадни води, и тоа од сегашните 3 денари за метар кубен, на 5,28 денари.

Тоа значи дека за потрошени 30 кубни метри вода месечно, едно семејство ќе плаќа околу 70 денари плус на сметката за вода.

Советот одлучи да воведе и нова давачка за прилепчани од 2020 година, кога на сметките за вода за пиење, ќе се плаќа по 7,15 денари за метар кубен потрошена вода, за услуга прочистување на отпадни води.

Ова е доказ колку вреди зборот пред избори на СДСМ и колку вредат ветувањата пред граѓаните кои им донесоа победа на локалните избори на 15 октомври минатата година.

Останува дилемата, зошто Сами Ајдини одлучи да ги казни сите прилепчани, вклучително и граѓаните кои ги претставува во Советот на општина Прилеп, Ромите?!

Кој и како влијаел на неговата одлука и како успеал во само 30 минути да го разубеди во неговата првична одлука да биде воздржан?!

За оваа постапка после одржаната седница говореше и координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на општинскиот комитет на партијата, Петар Ристески.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.