Андреа Сапунџија е 24 годишна студентка од Прилеп, а сега живее во Бури, Англија. Неодамна таа ја заврши годината на студирање на Универзитетот од Гранада, Шапнија. Kако студент со пречки, најголемиот страв на Андреа била оддалеченоста од нејзиното семејство за прв пат, а била загрижена и за тоа дали транспортот и универзитетот ќе и бидат достапни, пишува страницата од Универзитетот од Честер “chester.ac.uk“.
“Пред да заминам сите овие работи ми поминуваа низ главата, но бев возбудена за овој предизвик”.
Универзитетот и студентските домови биле во близина на Гранада. Андреа вели:
“Живеењето во студентските домови на универзитетот ми помогна да се доближам до студентите и до студентскиот живот.
Бев можеби единствениот студент во количка на кампусот, па ова не беше прво искуство за мене, но исто така и за студентите и луѓето кои работат во кампусот.
Сепак, нивниот недостаток на искуство беше компензиран со многу добра волја и големи срца. Сите беа навистина корисни и комуникативни, а до вториот месец сите студенти, професори и вработени го познаваа моето име – и многу ми беше лесно да комуницирам со вработените во бифето додека чекав за тостада и кафе! “
Љубопитноста за “студент со попреченост” стигна до андалузискиот регионален телевизиски канал, “Канал Сур” – и Андреа одеднаш стана ѕвезда. Таа била интервјуирана за регионалните вести и рекла дека доживеаното искуство ја натерало да се чувствува како филмска ѕвезда!
Студиите на Андреа се дел од Еразмус Програмата за размена на студенти, која пружа големи придобивки.
Андреа вели дека оваа година и била животно искуство и ги охрабрува и другите студенти да аплицираат на ваквите програми и да го стекнат истото искуство.
Ф/Г/