СТУДЕНТОТ МУ ПОНУДИЛ ОБЛОГ НА ПРОФЕСОРОТ: “Доколку не го знаете одговорот на моето прашање, јас ќе го положам испитот ” – сигурно зажалил што се согласил

Студент паднал на испитот по логика, па се обидел на друг начин да го положи.

Студентот: Вие ме казнувате, а дали го разбирате тоа што го пишувате во испитот ?

Професорот: Секако, затоа сум професор.

Студентот: Во ред, ќе ве прашам нешто. Ако го знаете точниот одговор, ќе се видиме на наредната сесија, но доколку не знаете, добивам шестка како награда.

Професорот: Во ред, прифаќам.

Студентот: Што е легално, а не е логично? Што е логично, а не е легално ? А што е тоа што ниту е легално, ниту логчно ?

Професорот не успеал да го одговори прашањето, па морал да го исполни ветувањето и му пишал шестка на студентот.

Студентот веднаш одговорил: Вие имате 53 години, а вашата сопруга 23, па тоа е легално, но не е логично. Вашата жена има 24-годишен љубовник, што е логично, но не е легално. Вие му пишувате шестка на љубовникот на вашата жена, иако би требало да не го положи испитот, што е ниту легално, ниту логично.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.