Патријархот на Руската православна црква, Кирил, изјавил денеска дека на човештвото, “кое е длабоко во гревото”, му се ближи крајот на светот.
“Треба да се биде слеп и да не се види дека се приближуваат страшни историски моменти, за кои говорел Јован Богослов”, рекол патријархот после служењето на литургијата во главниот руски православен храм “Христос Спасителот”.
Toj ги повикал сите луѓе кои ја сакаат Русија да бидат заедно, затоа што човештвото влегува “во критичен период на развојот”, што, по неговата оценка, се гледа со голо око.
Патријархот Кирил додал дека во склад со христијанската вера, доаѓањето на крајот на светот зависи од самите луѓе. Ги повикал сите верници да преземат одговорност за Русија и целиот човечки род, да го запрат “лизгањето во провалија”.
A/Г/