Пожарот околу манастирот Трескавец во Прилеп однесе огромна површина со борова шума.
Од вчера беше познато дека причината за истиот е човечки фактор, а денес е приведен и еден од подметнувачите, а уште по 3 се трага.
Изминатите денови над 100 доброволци и екипи од Територијалната противпожарна единица Прилеп водеа жестока битка за спас на манастирот.
Денеска повторно пожарот е ставен под контрола.
Три лица се задушија како последица на густиот чад и истите се пренесени во општата болница во Прилеп.
Еве како беше синоќа кога доброволците и пожарникарите со крајни напори го спасија манастирот од опожарување.
Снимките се направени во 02:45 часот по полноќ и е на 50 метри од манастирот.