Рос докажа дека за 24 часа може да се изгубат 10 килограми. Тој наведува дека самодовербата не смее да биде нарушена со она што го гледаме на вагата.
– Се надевам дека мојот експеримент ќе создаде поздрав однос меѓу луѓето и вагата. Промената на тежината во краток период зависи од многу фактори, не само од масните наслаги, напиша Рос на неговиот блог.
За време на тие 24 часа, Едглеј не внесол ниту малку шеќери, ниту течност, цел ден тренирал во дебела облека, одел во саума и се капел со врели купки кои служат за извлекување на течноста од телото.
На денот на експериментот тој внесол само 100 милилитри вода, витамин Ц и кофеин.
– Водата опфаќа 50% од телото. Значи, од моите 95 килограми, 47,5 килограми се вода. Меѓутоа, водата е неопходна за работата на виталните органи, па овој експеримент може да биде потенцијално смртоносен, рекол Рос и ги предупредил луѓето кои го користат неговиот метод, да не го прават тоа без консултација со лекар.
Ф.Г.