СРАМ:”Општина Прилеп брутално по новинарите од “ВИЗИЈА”!? За нив ова е бетер од РЕЖИМ и голема брука?!”

Борбата за задушување и уништување на објективното новинарство од страна на советникот за односи со јавноста во Општина Прилеп Моника Талеска деновиве доби на интензитет, пишуваат од регионалната телевизија Канал Визија

“Очигледно немајќи доволно ангажман во општината деновиве е актуелна на социјалните мрежи како и со дописи до ЗНМ барајќи единствените простории кои ги користат прилепските новинари во рамките на центарот за култура да бидат одземени. И покрај сугестиите од страна на ЗНМ дека едно такво новинарско катче е потребно за новинарите во еден поголем град како што е Прилеп, Моника Талеска, најверојатно водена од лични причини, каприци или фрустрации тврди дека прилепската новинарска фела нема потреба од било каква заедничка просторија”, додаваат од телевизијата.

“Очигледно според неа новинарите и новинарството треба да биде вратено во периодот од пред една деценија кога поголемиот дел од новинарите беа принудени „заради немање на просторија“ своите средби со граѓаните, како и своите прилози до националните медиуми да ги остваруваат односно испраќаат од гаражите вецињата или клупите во парковите. Нејзината контрадикторност оди до таму што и самата таа до минатата година беше КОРИСНИК НА КАНЦЕЛАРИЈА ВО СТАРАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА КОЈА ЈА ДОБИ БЕСПЛАТНО ОД ПРЕТХОДНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ, А ЗА ПОТРЕБИТЕ НА НЕЈЗИНОТО СПИСАНИЕ „ПАТОКАЗ“, информираат од Канал Визија.

За крај регионалната телевизија прашува:

“Ако таа заборавила еве ние ја потсетуваме и ја прашуваме – зошто и беше просторија ако на новинарите не им треба простор?!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.