СРАМОТА! Државното знаме распарталавено се вее кај Алинци (ФОТО+ВИДЕО)

Јарболот со државното знаме во близина на Алинци кај Прилеп веќе подолго време распарталавено го гледаат сите возачи на регионалниот пат Прилеп-Битола.

На ваквата жална глетка реагираа голем број граѓани и на социјалните мрежи, притоа советувајќи ја владата барем на миг да помисли за своето и во својот двор.

Срамно е што нашите власти се зафатени со решавање на проблемите што другите држави ги имаат со нас, а притоа не најдуваат ни минута да видат дека дома се им се распаѓа.

Ова знаме не е само обично платно што се вее во воздух.

Искинатото државно знаме е знак дека државата не води грижа за националните симболи и обележја.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.