СРАМНО: ”Уништена балон салата, градоначалникот и пи-ар тимот ги нема, битно Прилеп е двојазичен!?”

Спортската балон сала во ООУ “Гоце Делчев” веќе некое време нефункционира и стои истишена во дворот на училиштето.

Објектот кој беше првиот од спортскиот комплекс во ова училиште сега е претворен во прективка за теренот.

Граѓаните од Марино маало кои секојдневно ги носат своите најмали во училиштето реагираат на ваквата негрижа за спортските објекти.

“Она што се направило треба да се одржува, тоа е во интерес на нашите деца и треба да се зачува”, велат тие.

Инаку во ова училиште претходната локална власт освен оваа балон сала, изгради и повеќенаменско спортско игралиште, целосно беше реновирана постоечката спортска сала во училиштето, се изгради тениско игралиште, а се планираше и изградба на парк со фонтани и простор за одмор и релаксација.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.