Пратениците на СДСМ на денешната седница не го прифатија предлог законот по скратена постапка кој што требаше да обезбеди зголемување на пензиите за 5%.
Со законот за зголемување на пензиите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија зголемување на пензиите за 5%, односно побараа да се задржи континуитетот на зголемување на пензиите кои што пензионерите го добиваа секоја година предходно.
Пратениците на СДСМ гласајќи ПРОТИВ овој закон да се најде на дневен ред, го отфрлија ова зголемување што резултираше со напуштање на собраниската сала од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Eдинствено пратеникот Ферид Мухиќ гласаше “ЗА”, a пратеникот и претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија Илија Јованоски, гласаше против повисоки пензии за граѓаните кои ги претставува во Собранието.