СРАМНО: Пратениците кандидати за градоначалници од СДС гласаа против Законот за повисоки пензии

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието на Република Македонија поднесе закон за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата.

Со законот за зголемување на пензиите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија зголемување на пензиите за 5%, односно побараа да се задржи континуитетот на зголемување на пензиите кои што пензионерите го добиваа секоја година предходно.

Сепак, пратениците од СДСМ не го поддржаа предлогот и истиот не се најде на дневен ред на собраниската седница.
Срамно и жално е што дури и пратениците Петре Шилегов, Бетиан Китев, Максим Димитриевски, Стефан Богоев и Благој Бочварски кои се кандидати за градоначалници од СДСМ, гласаа исто така против ова законско решение.
За иронијата да биде уште поголема истите овие пратеници во наредниот период ќе ги убедуваат пензионерите и граѓаните на град Скопје и општините Кавадарци, Куманово, Карпош и Штип, дека тие се вистинските луѓе за градоначалници и ќе ја бараат нивната доверба.
Нивното чукање во гради и ветувањата за подобар живот на граѓаните во Република Македонија преку секојдневни прес-конференции, со оваа нивна одлука да се раководат од партискиот интерес, а не од интересот на граѓаните, паѓаат во вода
Предлог Законот на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа ниту пратеникот Илија Јованоски, претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија.
A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.