СКАНДАЛ!!! Прилепски Роми манипулирани од СДСМ!!?? Им ветувале социјална помош

Закир Бекири Чауш, еден од најверните соработници на Заев кој поради тоа што почна да му прави повеќе штета отколку корист на Бејли заврши во затвор, оттаму на социјалните мрежи почна да објавува доверливи информации.

20840522_10212059520274771_2067134843_n

Имено, тој на неговиот ФБ профил, кој го уредува додека е во затвор објави доверлив список на лица од Министерството за труд и социјални работи, на лица приматели на социјална помош, заканувајќи и се на министерката од неговата партија дека ќе и испрател 1.000 луѓе да спијат пред врата на нејзиниот кабинет.

20864403_10212059521554803_214303321_n

Тој додава и дека Мила Царовска била нацист, додавајќи дека 98% од лицата кои според него биле малтретирани од новата влада на СДС биле муслимани.

На овие лица како што додава членот на СДС и еден од најдоверливите луѓе на Заев, Чаушот додава дека им била укината социјалната помош затоа што во одреден период добиле социјална помош од роднини во странство преку системот за брз трансфер за пари.
Царовска, во предизборната кампања ветуваше дека на овие лица ќе им биде вратено правото на социјална помош, но наместо тоа, таа го зголеми списокот на лица кои го губат правото, а на тие кои веќе го изгубиле им издаде парични казни.

Но она што сериозно загрижува е податокот дека Чаушот кај себе воопшто има ваквов вид на доверливи информации кои потекнуваат од Минтерството за труд и социјална работа, што само го потврдува сомнежот дека СДС и Зоран Заев за време на изборната кампања имаат намера да вршат притисоци и да поткупуваат гласачи преку нудење на разни поволности токму на овие загрозени групи на граѓани.

За ваквата злоупотреба и пред изборите на 11-ти декември постоеа сомнежи, поради кои Јавното обвинителство покрена и постапки против функционери на СДС, меѓу кои и против братот на Зоран Заев, Вице Заев но и против командирот на ПС Куманово кој заедно со неколку невладини, користејќи ги овие списоци нудел огревно дрво и друга социјална помош барајќи гласови за возврат.

Чаушот на ФБ се пофали и дека набрзо ќе излезе од затвор, со што се интензивира опасноста од нереглуарности за локалните избори, кои владата на Заев ги припрема, имајќи во предвид дека поголемиот дел од МВР веќе е партизиран и има насоки да помага во крадењето на изборите.

 

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.