Скандалозна анкета на тема интеграција на бегалци и странци се водела во едно од основните училишта во Гевгелија помеѓу учениците и родителите.
Во анкетата се бара одговор со ДА или НЕ дали би прифатиле жител од друга странска држава, од Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, … или други земји: Да биде посетител во нашата земја, постојано да живее во Македонија, да живее во истата зграда со анкетираниот граѓанин-родител, да биде колега/шка со вработените во училиштето, да оди на училиште со моето дете, да ми биде пријател, или да стане дел од моето семејство?
Анкетниот лист се најде и на социјалните мрежи, каде револтирани родители коментираа видно вознемирени од ваквата содржина на анкетата.
Дали ова е првиот чекор, кон она што се вика имплементација на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци?!
Ова е недоличен начин ученици од 10-11 години да се злоупотребуваат за теми за кои не се ниту свесни што значат.