СКАНДАЛ: ”Државен секретар во Правда во CV пишал дека бил член на ГШ на ОНА!?

Државниот секретар во Министерството за правда Зулфи Адили своите активности како член на Генералштабот на ОНА ги потенцирал и во својата биографија.

Адили сметал дека е важно граѓаните да знаат дека тој бил дел од ОНА, или  паравоената Ослободителна Народна Армија, која го иницираше конфликтот во земјава во 2001 година.

Во неговата биографија покрај тоа уште е наведено и дека тој е еден од основачите на здружението на ветерани на ОНА, како и дека во 2002 година бил активен во координативниот совет на ОНА со политичките партии ПДП, ДПА и НДП.

Адили е именуван за државен секретар како функционер на партијата Унитети, која ја основаше со Гзим Острени, а која на изборите беше во коалицијата Алијанса за Албанците, предводена од Зијадин Села.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.