СКАНДАЛ ВО СТРУМИЦА: Реномираниот фестивал „Ристо Шишков“ отворен со косовска престава за Голема Албанија!

Скандалозен почеток на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, кој свечено беше отворен со престава на косовскиот театар, во кој се величи идејата на Голема Албанија, а е со наслов „Коските што доцна доаѓаат“.

Самиот фестивал е под покровителство на Владата и општина Струмица, а меѓу присутните кој земал збор по повод почетокот на фестивалот бил и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев. И сè би било во ред, доколку преставата не ја величела идејата за Голема Албанија, со која се опфаќаат и територии на Mакедонија.

На силниот етнички и националистички призвук реагирале присутните, кои демонстративно ја напуштиле преставата, додека Заев и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов останале до крај да ја изгледаат театарската претстава.

Свирежи биле упатени кон Заев и советниците на СДСМ, кои како што велат струмичани, недозволиво на ваков начин им го честитале Денот на независност на државата и тоа со престава со која се заговара ништење на дел од територијата на државата.

Во преставата имало фрагменти од истакнати дејци на движењето за Голема Албанија. Погоден поздравен говор на самиот почеток на преставата „Коските што доцна доаѓаат“ од Националениот театар на Косово имал и Зоран Заев.

-Важно е затоа што театарот не е само уште еден тип на уметност, уште еден канал за комуникација. Да, тој Е сето тоа, но, во исто време, театарот е единствената уметничка форма во која човекот актер му се обраќа на човекот во публиката. Човек на човек. Затоа театарот не е само сценско раскажување приказни. Театарската сцена е место за средби меѓу луѓето, меѓу актерите и публиката. Театарот е место за жив разговор за човекот и општеството, изјави Заев.

Струмичани велат дека се работи за провокација која има задна намера да се поигрува со чувствата на граѓаните. Со неверување гледаат на моментот што на голема врата се врши политизација на културата во државата и се фрла темна дамка на реномираниот фестивал „Ристо Шишков“.

Извор: курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.