Водечките лица на така наречената “шарена револуција” дебело се офајдија од новата влада на СДСМ.
Деновиве сме сведоци дека повеќето од нив си го најдоја своето советничко место во кабинетот на премиерот Заев или во некое од ресорните министерства.
За ова на својот фејсбук профил напиша новинарката Јадранка Ивановска – Јоци, пренесувајќи информација од порталот Доказ.мк
- “Марјан Забрчанец, координаторот на куп невладини, му станал советник на Зоран Заев. А бе ај !? Сега !?
Само тој ? Жифти вас.
http://www.dokazm.mk/site-nevladini-vlegoa-u-vlada-dolgogo…/
Ама, јас уште лани во септември објавив дека Забрчанец и други луѓе од невладините и пленумите добија на Бихаќка канцеларии, фотелји, ветувања за функции.
Многумина работеа, пред и за време на избори, директно од штаб. Бај д бук, таквите активности имаат име-пропагандна машинерија.
Со други зборови граѓанскиот сектор, кој треба да е одделен од партија и има улога на коректор на секоја власт, одамна е во брак со политичката партија СДСМ.
Тоа, дечки, се вика манипулација на вистинските граѓани. Не’ излажавте дека чесно и искрено сте во борбата ! Вие сте “работеле” по улици за услуги, привилегии, функции.
Си ги сместивте газињата во фотелји и ја извалкавте “Шарената револуција” и граѓанскиот отпор. Го уништивте одвнатре и однадвор.
Туку, ете-се’ што напишав, излезе вистина”, напиша Јоци.
Новинарката и претходно, како што и самата наведе, пишуваше за ангажирањето на припадници на шарената револуција во канцелариите на Бихаќка.