Премиерите на Грција и Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим, синоќа телефонски разговарале за турско-грчката криза на Егејот, околу групата ненаселени острови кај кои се собираат бродови од крајбрежната стража на двете држави. Имено двете држави тврдат дека се ова нивни острови.
Грчките медиуми пренесуваат дека Ципрас и Јилдирим разговарале за “провокацијата од турската страна”, додека турските тврдат спротивно – дека Грција ја провоцира Турција.
За време на разговорот на двајцата премиери, Ципрас “остро укажал” дека кај островот Имија, кој Турците го нарекуваат Кардак, на крајниот исток на Егејот, се работи за настан кој “директно ги поткопува грчко- турските и турско-европските односи, и дека се гази меѓународното право”.
Јилдирим рекол дека инцидентот, кој започнал во понеделникот кога турски патролен брод се обидел од Имија да избрка грчки патролен брод, “не е резултат на намерно делување”.
Грчкото Министерство за одбрана не сака да се вклучи во процесот кој би ја турнал Турција во жежок инцидент, пишува во соопштението на министерството.