СЕЛО НА ДУХОВИ: Пред 50 години тука вриело од деца кои си играле, но одеднаш се’ се променило, а луѓето бегале од смрт

Меѓу населението завладеал страв, затоа што властите наредила да се евакуираат во соседното село, па многумина веруваат дека историјата се повторува.

Едно напуштено село, познато уште под називот “село на духови” се наоѓа во долината Горен Свонси во Велс. На мапите е означено како Пантифинон, а напуштено е повеќе од 50 години, поради серија лизгања на земјиштето кои го погодиле ова место, пренесува Мирор.

Пред 50 години на неговите улици играле деца, шетале луѓе, а животот течел нормално.

Сега чекорите одѕвонуваат низ празните камени ѕидови, а оградите од железо се единствени сведоци дека тука некогаш имало живот.

Заборавеното село во долината Горна Свонси некогаш било дел од главниот автопат помеѓу Свонси и Брекон, се додека планината не го променила мислењето за тоа.

Единствената личност која за ова случување знае повеќе е Росалин Дејвис, која овде живеела пред лизгањето на земјиштето.

-“Тука живееше една голема заедница. Ова беше мојот дом и секогаш ќе биди. Мислам дека се изгубени повеќе од 100 куќи. Тоа е ужасна работа”, рекла таа.

-“Денес ова е село на духови. Ова беше навистина една среќна заедница, а денес се’ изгледа премногу тажно”, истакнала Росалин.

Фотографиите од ова село погледнете ги ТУКА

 

Ф/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.