СЕКОЕ УТРО ЗА ДОРУЧЕК ЈАДЕЛА 3 ЈАЈЦА: Еве што се случило со нејзиното тело по неколку недели

Јајцата се намирници од голема биолошка вредност и хранливост. Кога ќе се одвојат жолчката и белката, содржината значително се менува, мастите остануваат во жолчката, а протеините се делат. Поголем дел од протеините остануваат во жолчката. Сите останати “вредни” состојки остануваат во жолчката, а во белката нема ниту витамини, ниту минерали.

Еве искуство на една жена која подолго време јадела јајца за доручек:

– Скоро секогаш јадев јаболко, банана или друго овошје за доручек, но пред ручек огладнував и одлучив да го променам доручекот. Конкретно 3 јајца секое утро во неделата.

Зошто јајца? Затоа што тие се совршен мал пакет – богати се со протеини, но и селен, омега-3 киселини, витамини Д, Е и Б12. Исто така, само две јајца на ден ја исполнуваат потребата на организмот за хранлив холин кој ја зголемува меморијата.

Знаев дека многу луѓе ќе ми кажат дека холестеролот е погубен. Но, неодамна се појавија резултати од истражување кои покажуваат дека дијететскиот холестерол нема влијание на крвта.

Јас сум многу физички активна и се хранам со разновидна храна, па 3 органски јајца во моето дневно мени не прават проблем.

Значи, освен фактот што со доручекот внесувам 21 грам протеини, јас “го научив” мојот стомак да биде мирен и сит најрано до 12 сатот.

Добро е да се внесуваат јајца во исхраната, бидејќи помагаат за слабеење, го подобруваат имунитетот, ја подобруваат меморијата, ја намалуваат депресијата, го успоруваат стареењето…

Но сепак не треба да се претерува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.