СДС ја нарекуваше ливада, а денес е најпосакувана индустриска зона со 3 странски инвестиции

sdada

Ветувањата на Вмро-Дпмне се реализираат! Отпочна изградбата на уште една фабрика во Прилеп!

По овој повод денес претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп одржа прес конференција.

” Почитувани,

Борбата со невработеноста во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја започна уште од првите денови откако ја формираше Владата во 2006 година. Уште во првите 40 дена Влада ВМРО-ДПМНЕ го осмисли и дефинираше концептот за слободните економски зони во кои потоа дојдоа многу инвеститори.

Во ТИРЗ Алинци покрај Гентерм и Акомпласт, вчера се постави камен темелник на третата странска инвестиција ВИК во Прилеп со која се очекува да бидат отворени околу 1.000 работни места. Оваа инвестиција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја најави во ноември минатата година, а вчера бевме сведоци на почетокот на нејзината реализација.

Вкупната инвестиција изнесува 12 милиони евра и ќе се одвива во неколку фази во период од четири до пет години. Фабриката ќе се протега на површина од 5.200 метри квадратни и треба да биде готова до март следната година кога се очекува да бидат испорачани првите производи.

Ветувањата дадени од ВМРО-ДПМНЕ се реални, видливи и мерливи за разлика од празните ветувања и лагите на СДС.

Само за споредба од времето кога владееше СДС во 2006 година имаше 366.551 невработено лице во Република Македонија. Денес, невработеноста во Македонија по првиот квартал во 2017 година изнесува 22,9% или во бројки 218.601 невработени лица или за приближно 150.000 лица помалку отколку во 2006 година и 734.043 вработени лица.

Секогаш кога СДС бил на власт се случува колапс на економијата и зглемување на невработеноста со што егзистеницијата на многу семејства се доведува во прашање. Она што сакаме да порачаме на челниците на СДС е да продолжат со поддршка на инвестициите во нашиот град. Кадрите кои СДС ги постави да ги решаваат проблемите на граѓаните се непрофесионални за што најдобар пример е министерот за финансии кој откако стана министер започна да разликува бруто од нето износи,или пак министрите за странски инвестиции кои не собраа ни храброст за да во јавност посакаат успешна работа на оваа нова инвестиција во Прилеп.

Почитувани сограѓани,

Циркузот „Влада на СДС“ ќе заврши многу брзо. На лагата и се кратки нозете, но како лагите на Бранко ќе се паметат и лагите на Заев. Народот за кратко време ќе биде сведок за разликата во работата на Владите на ВМРО-ДПМНЕ и СДС.

Ви благодарам! “




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.