После многу тактизирање и внатрепартиски превирања, како и жестока борба помеѓу неколку имиња, општинскиот огранок на СДСМ од Прилеп го избра својот кандидат за престојните локални избори на 15-ти октомври.
На ВМРО-ДПМНЕ ќе му се спротивстави сегашниот директор на општата болница “Борка Талески” во Прилеп.
Се работи за Илија Јованоски кој беше носител на листата за советници на СДСМ во Прилеп на минатите избори во 2013 година.
Кога беше 4 години помлад, 62-годишниот Јованоски катастрофално загуби на изборите во Прилеп заедно со тогашниот кандидат за градоначалник и актуелен пратеник Хари Локвенец.
Како носител на таа листа на советници, Илија Јованоски оствари резултат од 19 168 гласови, наспроти огромните 26 893 на контото од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Разликата беше уште по поразителна во однос на гласовите за градоначалник, каде Марјан Ристески со 28 632 гласа го збриша Локвенец кој освои 18 920.
Ваквиот потег на раководството на СДСМ е потценување и непочитување на волјата на граѓаните, поразениот, повторно да биде кандидат.
Дали се насмевнува уште една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески во Прилеп, ќе видеме многу скоро.
Прилепчани ќе направат паралела по до сега сработеното, односно, помеѓу огромниот број реализирани проекти на актуелната локална власт и помеѓу срамните потези на СДС, лажните ветувања за минимални плати од 500 евра, повисоки субвенции, 100.000 денари плата за докторите, двојазичен Прилеп, нова бугарска историја, бегалски кампови во Прилеп, избрканите инвеститори…. Да потсетиме дека огромно е разочарувањето на прилепчани и од прекинувањето на експресниот пат Прилеп-Градско!