Само 62 од 840 амандмани беа разгледани во текот на 10 работни денови на Комисијата за буџет и финансирање!
Ниту еден амандман од Коалицијата за подобра Македонија и БЕСА не беше прифатен, што е првпат во плурална Македонија, за жал.
Проблемите на пензионерите, потребите на земјоделците, оштетата на oхриѓани, стружани, проблемите со депониите, субвенциите, амадманите кои се однесуваа на новите училишта и спортски сали, не беа во дослух со пратениците на СДСМ.
Тие беа и против своите амандмани што ги предлагаа години наназад. Од ВМРО-ДПМНЕ ова се толкува како класично лицемерие и доказ дека се било лажно ветување и изигрување на потребите на граѓаните.
Да потсетиме, во овие 60 денови Владата на СДСМ и ДУИ поднесе само еден предлог закон, а пратениците на ВМРО – ДПМНЕ повеќе од 30, меѓу кои и оние за повисоки плати на администрацијата, 100.000 ден плата за докторите, укинување на радиодифузна такса, продолжено породилно боледување, воведување евтина струја, но сите овие предлог закони за жал беа одбиени.