СДС ги обвинуваа за ГОЛГОТА на вработените, а денес се добредојдени со нови работни места?!

Технолошко – индустриската зона Алинци во близина на Прилеп чија изградба започна во 2012 година, денес, благодарение на успешните економски политики и роуд-шоуа на претходната влада, има моќни индустриски капацитети, кои ја раздвижија прилепската економија, значително го намалија бројот на неваработени лица во градот, донесоа стотици индиректни вработувања и ја раздвижија конкуренцијата.

Во ТИРЗ Прилеп веќе успешно функционира фабриката на американскиот гигант од автомобилскиот сектор “Гентерм”, фабрика која вработува повеќе од 1.000 луѓе. Се изгради фабриката на германскиот “Aкомпласт”, а во изградба е и фабриката на групацијата “ВИК”, која исто така ќе вработи 1.000 луѓе.

Оваа зона на почетокот беше нарекувана ливада, нива, беше критикувана на секаков можен начин, локалната власт и владата предводени од ВМРО-ДПМНЕ беа обвинувани за измами и лаги… и.т.н.

Тогаш од СДСМ велеа дека вработените во Гентерм поминувале низ голгота и страдање, а денес новата локална власт предводена од Илија Јованоски се фали со нови 500 вработувања идната година во оваа фабрика.

Joваноски денеска оствари работна средба со генералниот менаџер на компанијат „Гентерм“, Андреј Хасинец, на која беше разговарано околу моменталната состојба на фирмата и нејзините идни планови.

Одеднаш се заборавија сите обвинувања, заборавија на “ниските плати”, “терор”, “тортура”, “бркање од работа”…..

Лицемерието и китењето со туѓи перја не е ништо ново за СДСМ, ниту на централно, ниту на локално ниво. Сите се сеќаваме дека вице премиерот за економски прашања  Анѓушев лично присуствуваше на отварањето на фабриката на “Акомпласт” на 21 септември годинава.

Фото: mrt.com.mk

Така и сега градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски ги погази зборовите на своите сопартијци и вети максимална поддршка за компанијата “Гентерм”.

Фактот дека Прилеп доживеа економски бум во изминатите години не смее да се занемари. Освен ТИРЗ зоната кај Алинци, градот ги доби индустрискиоте зони Прилеп 1 и Прилеп 2, каде исто така повеќе локални компании изградија свои нови модерни капацитети.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.