СДСМ потврди дека во Куманово ќе се градат згради и населби за мигрантите, заедно со нивно вработување- советниците на СДСМ гласаа против граѓански референдум

Советниците на СДСМ од Куманово, град во кој веќе 27 години владее СДСМ, гласаа против граѓански референдум и изјаснување на кумановци на референдум за планот на Владата за градење на згради и населби за мигрантите, како и нивно вработување.

 

sovet-kumanovo-1600x900-640x360

ФОТО: СДК.мк

Советот на Општина Куманово ја отфрли иницијатива за распишување референдум против изградба на станови за мигранти на територијата на општината Куманово. На последната седница, мнозинството советници од коалицијата на СДСМ не дадоа поддршка на предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред да се најде донесување на одлука за распишување на референдум преку кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за населување и интеграција на мигранти на територија на Општина Куманово, ниту, пак, ја поддржаа граѓанската иницијатива „Будење“, која собра над 1.000 потписи од граѓаните.

„И покрај нашата аргументација за оваа иницијатива мнозинството советници на седницата, предводено од СДСМ и неговите коалициони партнери, со крајно паушални и несфатливи констатации истата ја отфрли. Со ова отфрлање директно, граѓаните на Куманово беа спречени самите да одлучуваат за судбината на својот град и за иднината на своите деца“, изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски.

Куманово е една од трите општини во државата со локална власт на СДСМ, која не изгласа одлука за распишување на референдум за изјаснување за„Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“.

Куманово: Заев, СДСМ и Владата ќе градат повеќе нови мигрантски населби и згради во Куманово, НВО со кампања за подготовка на теренот со наслов „Бегалци и кризи“

Преку кампања „Бегалци и кризи“, невладина организација ги подготвува граѓаните на Куманово за можна бегалска криза и изградба на повеќе нови мигрантски населби и згради во овој град.

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово заедно со своите волонтери денеска организира настан „Бегалци и кризи“ на градскиот плоштад во Куманово.

cid

Посетителите од 17 до 20 часот ќе можат да проследат мала изложба на фотографии од децата од бегалскиот камп на Табановце, да донираат книги на арапски, англиски или некој друг јазик и да ги споделат своите размислувања за бегалската криза.

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) од Куманово е партнер со WorkCamps, кои имаат многу програми, вклучително и за градење кампови, куќи и слично.

vtora

И покрај што многу граѓани и државјани на Република Македонија немаат решено станбено прашање, за Заев и Царовска приоритет се мигрантите, па така во Националниот акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 се предвидува изградба на 100 згради.

tabmigranti-640x337

Screenshot_5-640x165

Во секторот „Домување“ стои следново:

Како мерка „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“.

Очекувања на Владата и МТСП „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

За надлежна институција на оваа мерка е Владата, а планирано е со „одлука на Владата; Барем 100 единици – локации да станат достапни“.

Временската рамка е од „2017 година и понатаму“.

„Проценет годишен буџет во евра – државен придонес: 100 проценти“

Дополнително во документот на МТСП наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година се предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области. Останатите детали од документот „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027“  се во продолжение:

СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ: Заев и Царовска масовно ќе доселат мигранти во Македонија, ќе им даваат државјанства, вработување, станови и куќи

Документот на МТСП е наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година, како и Акциски план ‎2017 – 2027“.

Документот предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.

tseli-1-1-640x500

tseli-2-1-640x292

Стратешките препораки вклучуваат: Подобрување на пристапот до стекнување државјанство и поврзување со проактивниот ангажман за интеграција, Олеснување на процедурите за семејно обединување како поддршка за процесот на интеграција, Намалување на честотата на ревидирање на поддршката за одржливост на процесот на интеграција, Проширување на поддршката за интеграција на бегалците кои стекнале државјанство или дозвола за привремен и постојан престој, се вели во Стратегијата.

drzavjanstvo-1-640x212vrab-1-640x344

Smestuvanje-2-640x576

tabanovce_kamp

tri-2

ВМРО-ДПМНЕ Куманово:  Граѓаните се спречени самите да одлучуваат за судбината на својот град и за иднината на своите деца

„Со ова отфрлање граѓаните на Куманово беа спречени самите да одлучуваат за судбината на својот град и за иднината на своите деца. Јавноста мора да биде запознаена со Стратегијата за интеграција на бегалци и странци и Националниот акционен план за стратегијата, преку кои се создава правна рамка за трајно населување на огромен број на мигранти на целата територија на Република Македонија. Очигледно советниците од владејачката коалиција се единствените кои не гледаат со каква опасност се соочува Куманово. Неодговорното и антидржавно однесување на владата директно ја загрозува иднината на државата, а за СДС во Куманово претставува прифатлива политика со која за жал трајно ќе се дестабилизира Македонија“, изјави Драган петковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика советниците од СДСМ и од другите политички партии во Советот да заземат јасна и недвосмислена позиција против „Стратегијата“, која, како што вели, предвидува демографско и културолошко преобликување на државата, во која нема да можат да се воспостават никакви интегративни механизми, туку ќе бидеме само сведоци на хаосот без крај.

Извор: КУРИР




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.