СДСМ И БЕСА НЕ ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ВЛАДА

zaevsdsm

СДСМ и Беса денеска седнаа на заедничка маса, но не постигнаа договор. Од СДСМ денеска велат дека покрај тоа што се согласиле со БЕСА дека ја споделуваат определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања нема постигнато договор.

– Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја, стои во соопштението од СДСМ.

Извор: Прес24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.