СВЕШТЕНИК БОДИБИЛДЕР: Се фотографирал по боксерици, па црквата му забранила се’ (ФОТО)

“Ја разбрав мојата грешка со тоа што учествував на Првенството за бодибилдери во Полска, ги молам верниците за прошка”

На свештеникот Артур Капрони бодибилдингот му е долгогодишно хоби, а натпреварувањето и успесите кои ги постигнува на полската католичка црква и неговите надредени бискупи не им сметале, дури го поддржувале во тоа, се до моментот кога приватната телевизија ТВН не го објави видеото од првенството во бодибилдинг за јуниори и ветерани, и објавила дека четвртото место му припаднало на католички свештеник.

 

Радоста на луѓето кои навивале за него не траела долго. Бискупот Збигњев Кјернјиковски го повикал свештеникот и му забранил понатаму да се натпреварува.

Се додека не настапила забраната, коментарите воглавно биле позитивни, а верниците пишувале дека со неговиот пример ги поттикнува сите да водат сметка за своето здравје и да започнат да се занимаваат со некој спорт.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.