СВЕТИ КАКО СТАКЛО: Ходниците во ООУ “Блаже Конески” добија целосно нов лик (ФОТО)

20597291_820422714799361_8070051499092989998_n

Во основното општинско училиште “Блаже Конески” во Прилеп, летниот распуст редовно се користи за подобрување на условите во наставата и за подновување.

Изминатиот период се изврши обложување на ѕидовите од ходниците на првиот кат во училиштето  со кнауф, со што значително се подобрија здравствените, хигиенските и техничките услови, како и самиот естетски изглед на училиштето.

Средствата за оваа набавка се издвоени од сопствениот буџет на училиштето и се во висина од 200.000 денари.

Минатата година истата постапка беше спроведена на ѕидовите во приземјето, исто така со сопствени средства.

20479899_820422721466027_3568404387294739593_n

20479804_820422718132694_4739019231094572828_n

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.