СВЕТИОТ ГРАД СЕКОГАШ ВО ЦЕНТАРОТ НА СУДИРИТЕ: Еве зошто Ерусалим е Пандорината кутија која е отворена од Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го призна Ерусалим како престолнина на Израел и нареди преместување на американската амбасада од Тел Авив во тој град, со што предизвика бурни реакции од светот.

Би-Би-Си објави кратко видео со наслов “Зошто е важен Ерусалим”, во кое може да се види дека тој свет град е во срцето на израелско-палестинскиот конфликт.

И најмала промена поврзана со тој град и неговата територија, води кон судир. “Затоа, се’ што се случува овде е навистина важно”, наведе новинарката на Би-Би-Си.

Ерусалим е пред се многу значаен за религијата. Во него се најстарите светилишта и на Евреите и на муслиманите и на христијаните. Но тоа значи дека е и многу политички важен.

Израелците го сметаат Ерусалим за своја најстара престолнина. Кога е формирана државата Израел во 1948 година, главните центри на власта биле сместени токму во западниот дел на Ерусалим. Но дури за време на војната со арапските земји во 1968 година, израелските власти под контрола го презеле и источниот дел во кој се наоѓал познатиот Стар град.

Таквиот потег на Израел не добил меѓународно признавање.

А што велат Палестинците ? Секако, тие имаат различно мислење. Тие го сакаат источен Ерусалим за своја престолнина и тоа е причината за повеќедецениските преговори меѓу Израел и Палестина, во кои главна улога имаше, кој ако не Америка.

Сега кога американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го признае Ерусалим за престолнина на Израел, се’ ќе се промени.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.