СВЕДОЧЕЊЕ НА ПОЛКОВНИКОТ ОД “ЈНА” КОСТИЌ: Добивме наредба да срушиме НЛО ! Го следев со денови !

Првиот човек за радарските системи во 1972 година започнал акција против чудно летало. Акцијата ја започнал со борбени авиони на ЈНА, а потоа издал наредба да пукаат на него.

Пилотите кои го виделе леталото со свои очи го опишувале како светлечка сфера, додека некои велат и дека менувало бои.

-Јас го следев со денови на моите три радари, а успеав да го видам само еднаш. Покрај огромната брзина со која се движеше, најчудно беше што за една секунда исчезна ! И визуелно и на радарот.

Вака се присети и ја раскажа за српски Курир поранешната државна тајна на СФРЈ, првиот човек за радарските системи, Проф.Др. Александар Костиќ. И пред него генерал Звонко Јурјевиќ во февруари 1975 гоодина на небото над Подгорица следел неидентификуван летечки објект (НЛО).

– На екранот се појави објект што се движи со брзина од 6.500 километри на час, што во тоа време беше технички невозможно. Ги запишавме координатите и ги известивме центрите во Сплит. Меѓутоа, и тие се прашуваа што следиме. Колегите не нарекуваа “марсовци”. Потоа пилотите на цивилните авиони започнаа да зборуваат дека гледаат објект кој лебди на небото, вели Костиќ.

Кога леталото се губело од радарот на Костиќ, се појавило над Титоградската котлина, каде Јурјевиќ се обидел да го сруши, но бидејќи имал спор авион, од Белград испратиле “мигови”, но го испратиле и командантот на 11 дивизија Исмет Куленовиќ.

– Секојдневно ги следевме тие објекти, за неколку дена имавме осум пресретнувања. Објектот за дел од секундата се подигнуваше од 5.000 на 12.000 метри висина. Кулминацијата стигна кога добивме наредба да пукаме на метата, а јас наредив да се лансира ракета, вели професорот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.