Александар Рослијаков во џебот имал само 1.000 рубљи (околу 15 евра), па за него учеството во оваа емисија било вистински тест.
На ријалити шоуто “Таен милионер” кое се емитувало пред 6 месеци учествувал и рускиот олигарх Александар Рослијаков. Тој морал 5 дена да се преправа дека учител кој нема куќа, иако секоја зима ја поминува на Бали.
Александар во џебот имал само 1000 рубљи. Една ноќ рускиот олигарх ја поминал во засолништето за бездомници “Еverybody’s Road” чии основачи се Денис и Елена Тсои. После престојот тука, Александар решил на овој пар да му поклони луксузна вила вредна 111.000 евра. Од вилата парот направиле повторно засолниште за бездомници, и таму сега живеат 27 луѓе.
Милионерот својот втор поклон го дал на Арсениј Јанковоски, човек кој го запознал во засолништето. Нему му поклонил стан и договор за издавање на неговата книга. Арсениј сега пишува книга насловена како “Втора шанса” која ќе го опише неговиот живот, вклучувајќи ја и средбата со Александар.
Уште еден стан олигархот и поклонил на Светлана и нејзините деца. Светлана пред да го запознае Александар талкала по изнајмени станови со своите 4 деца.
Покрај четирисобен стан, Александар на Светлана и поклонил и милион рубљи (околу 15.000 евра). После овој великодушен поклон, Светлана планира да посвои уште деца.
15.000 евра Александар им поклонил и на Андреј и Наталија, младо семејство чие дете боледува од хидроцефалус.
Олигархот после 5 дена во оваа емисија морал да работи за храна и во засолништето за кучиња “Валета”. Александар и тука оставил поклон од 15.000 евра.
Погледнете го видеото:
А/Г/